Проф. Чупеска: Сиромаштија за сиромашни

На трговците и прекупците, генерозната и галантна Влада на Северна Македонија, очигледно дека им остави доволно долг период, за да може пред „кошничките“ да ги накачат цените во маркетите, за да може потем ѓоа да ги намалат.

Во чив интерес и со каква цел се клати клатното на меѓуетничкиот надзор, се прашувам? Та едниот вели ќе има дестабилизација, па другиот вели ќе биде „голема“.

Клатното клати малце ваму, малце таму. Но, синхронизацијата ми се чини дека е добро режирана.

Затоа сум на став да се игнорираат овие перформанси, и судиите да се оставаат раат во врска со нивното постапување. Додека се креваат паники, нешто друго оди незабележано и не толку фокусирано во нашите медиуми.

Прво, негрижата за граѓаните посебно околу континуираниот раст на цените. Уште полошо, не само што Владата не го третира овој проблем, туку има и јасна тенденција да манипулира, па со разните „кошнички“ што божемски ги намени за граѓаните, испаѓа дека се за заштита на трговците и прекупците.

Сиромаштија за сиромашни, мили мои.

На трговците и прекупците, генерозната и галантна Влада на Северна Македонија, очигледно дека им остави доволно долг период, за да може пред „кошничките“ да ги накачат цените во маркетите, за да може потем ѓоа да ги намалат.

Каков фалц, мили мои.

Шибицарски.

За што: За сиромаштија за сиромашните.

Значи, кога се намалуваат божемски цените, уствари нема никакво намалување, затоа што претходно имаа време за да ги напумпаат цените.

Со тоа, се заштитија и пораснаа профитите на оние кои веќе се во несиромашна предност.

Разбирате ли мили мои, колку ниска превара е оваа, на штета на граѓаните.

Паралелно, со ваквото нефер привилегирање на трговците, Владата инстистира и на бетонирање на платите, и особено на минималната плата. А Премиерот, добива „осип“ штом му се спомне, минималната плата, и пазете, вели тој „минималната плата друг треба да ја договори“?

Како да не е премиер и на сиромашните, на тие со потешкотии во приходите? Чива е одговорноста Премиере, ако не Ваша, како Татко на нацијата – Премиер за сите?!

Кој, впрочем треба да овозможи фер услови и прходи за работниците? Баба ми ли? Уф, изумив дека на нашата Влада важни и се само платите на оние во Владата, што значи зголемување кон 100 илјади денари?!

Работниците и минималната плата , нека остане на ниво Сиромаштија за Сиромашни…

За власта работниците се ништо повеќе од капиталистичко средство за производство, евтина работна сила, објект за експлоатација, за разлика од богаташите, на кои оваа Влада им дава привилегии и дополнително, ги штити, наместо обратно да биде.

Со ваквите трендови, не само што ќе се зголеми уште повеќе јазот меѓу богатите и оние кои имаат скромни примања, туку и ќе се отфрли можноста за социјална правда.

Со овие нефер политики, се предизвикува и уставната пропозиција дека Македонија е СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА.

Значи, wellfair – от, и со него поврзаниот концепт за социјална правда, е на чекор до укинување.

Дали е така?

Јас мислам, да!

Конечно, реална последица од ова е, уште поголемо осиромашување на сиромашните. А тоа е, принципиелно, неспоиво со вредноста за социјална држава впишана во нашиот Устав.

За разлика од оваа Владина позиција, социјалдемократскиот концепт, е субстантивно врзан за солидарноста, и социјално интервентни полтики, т.е. по должност и вредност, вистински се грижи за стандардот на работникот, и на граѓанинот. И, неспорно е дека минималната плата во 2016 година беше едвај 9.000 денари а денеска благодарение на СДСМ е 22.000 денари.

Дури и како опозиција, СДСМ повторно бара покачување на минимална плата на работниците на 27.700 денари, односно да наредната година биде 30.000 денари.

Слух за ова во Владата ,нема… кога СДСМ го поднесе предлог Закон за изменување на минимална плата, со цел да се подобри животниот стандард на граѓаните, тој не наиде на поддршка.

Накратко, политиките на оваа влада се сведуваат на: Сиромаштија за Сиромашни.