Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024

Македонската женска ракометна репрезентација синоќа одигра нерешено, 25:25 со Турција во 2. коло на Европското првенство 2024.

Македонската женска ракометна репрезентација синоќа одигра нерешено, 25:25 со Турција во 2. коло на Европското првенство 2024.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски лошо го отворија натпреварот и по 20-ина минути имаа негатива од пет голови (6:11). Сеапк, до паузата успеаја да надополнат два гола и резултатот по 30 минути беше 12:15.

Различна слика во вториот дел. Македонките со серија од седум последователни погодоци од 15:20 дојдоа во водство со 22:20. Во последните пет минути се влезе со 24:24. На една минута до крајот беше 25:25, Турција не го искористи нападот и двете селекции освоија по бод.

За најдобар играч на натпреварот е прогласена Сара Ристовска која со осум голови беше и најефикасната во двете репрезентации.

На другиот меч од 2. коло во А-групата, домаќинот Унгарија ја совлада Шведска со 32:25.

Унгарија е лидер на табелата со 4 бода, Шведска има 2, Турција и Македонија по 1.