Аморим: Ќе ги бранам играчите до крај
Манчестер Јунајтед е подготвен за нова ера под водство на Рубен Аморим. Португалецот во недела против Ипсвич за прв пат ќе ги води „црвените ѓаволи“ од клупата.
Манчестер Јунајтед е подготвен за нова ера под водство на Рубен Аморим. Португалецот во недела против Ипсвич за прв пат ќе ги води „црвените ѓаволи“ од клупата.
Аморим го презеде тимот и на гостувањето кај Ипсвич за првпат ќе седне на клупата на најтрофејниот клуб во Премиер лигата. Со оглед на тоа што клубот ја чека титулата повеќе од 10 години, очекувањата се огромни.
– Малку сум сонувач и верувам во себе како тренер, а верувам и во клубот. Мислам дека ја имаме истата идеја. Наречете ме наивен, но верувам дека јас сум вистинскиот човек кој дошол во вистинско време – изјави Аморим.
Многу ќе зависи од односот со играчите.
– Ќе ги бранам играчите до самиот крај. Подобро да прифатам да ја изгубам работата отколку да фрлам еден играч под автобус. Навистина верувам во играчите. Знам дека не верувате многу, но јас верувам во нив, истакна тој.
Сепак, тоа не значи дека ќе им обезбеди удобност на играчите.
-Понекогаш ќе мора да ја напуштат својата комфорна зона и да играат на други позиции. Мораме да го промениме физичкиот аспект на тимот и не знам колку време ќе потрае, додаде Португалецот.