(Видео) Трилинг најава: Политичко-економски предизвици со безброј неодговорени прашања

„Трилинг“ објавува - 250 милиони евра повлечени од Будимпешта за кредитирање на бизнисот лежат како мртов капитал. Светот во непредвидлива воена ескалација. Скандинавците купуваат залихи, Французите храна и вода за наредните две недели. Србите ги чистат атомските бункери. Има ли Македонија план и лекарска мобилност? Дали е возможно лекарите од приватните болници да се вратат во јавното здравство?

„Трилинг“ објавува – 250 милиони евра повлечени од Будимпешта за кредитирање на бизнисот лежат како мртов капитал. Светот во непредвидлива воена ескалација. Скандинавците купуваат залихи, Французите храна и вода за наредните две недели. Србите ги чистат атомските бункери. Има ли Македонија план и лекарска мобилност? Дали е возможно лекарите од приватните болници да се вратат во јавното здравство?

„Сметам дека грешката која во моментов се прави е тоа што Владата влегува во преговори со банкарскиот сектор на ниво на здружение, а не на индивиудуални банки“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“.

-Ние генерално генерираме буџетски дефицити коишто од една страна се над потенцијалот за раст и тоа навистина не втурнува во една замка на задолженост“, додава Петрески.

Мицкоски пред пет години заговараше укинување на Преспанскиот договор, сега зборува дека е ремек дело. Се залагаше за репреговарање. Забелешки имаа на договорот за добрососедство за сорботка со Бугарија.

„Околу проблемот што го имаме со Бугарија гледаме исклучително висок степен на интерес на меѓународата заедница. Ние немаме проблем со Бугарија или со Грција, ние имаме проблем со признавање на постоењето и континуитетот на македонскиот народ“, вели за „Трилинг“ поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Околу распуштањето на Судскиот Совет и Советот на обвинители, Димовски со став дека Владата мора да даде видливи и ефективни резултати во ова поле.

„Ако не го даде тоа ќе има сериозен проблем на следните парламентарни избори, кога и да се“.

„Генератор на кризата за албанскиот јазик во Македонија е Уставот“. Во парламентот владејачката коалиција има двотретинското мнозинство. Зошто не се иницира промена на највискиот правен акт во државата?

На политичките прашања како и на темите поврзани со здравството, најавите за враќање на лекарите од приватното во државното здравство, во „Трилинг“ одговори побаравме од министерот за здравство и еден од лидерите на „Вреди“, Арбен Таравари.

Гледајте „Трилинг“ во 20:45.