Американската Амбасада во Киев е привремено затворена откако добила „конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад на 20 ноември“.
– Поради претпазливост амбасадата ќе биде затворена, а вработените во амбасадата добиваат инструкции да се засолнат, се вели во соопштението.
Амбасадата исто така им препорача на граѓаните на САД да се подготват да се засолнат во случај да биде објавена воздушна тревога.
Ова не е прв пат амбасадата да ги затвори вратите по предупредувања за потенцијални воздушни напади.
Слични предупредувања имаше и за Нова година и околу Денот на независноста на Украина. ј