Николоски: До јануари ќе се заврши експропријацијата за изградбата на коридорите
До јануари 2025 година ќе биде завршена целокупната експропријација за изградба на автопатите на Коридор 8 и Коридор 10, најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

„Направивме значителен напредок во процесот на експропријација. За изградба на коридорите 8 и 10, очекуваме целокупната експропријација да биде завршена до јануари следната година. За споредба, во периодот од два месеци по потпишувањето на договорот, па до мојот избор за министер, експропријацијата беше завршена само 25%.
-За овие последни шест месеци завршија 75%, што е огромен напредок. Особено сложени беа делниците како онаа од Гостивар до Букојчани, каде до август беа завршени 400 од вкупно 1290 постапки. Во наредните пет до шест месеци ќе ги завршиме преостанатите и до крајот на јануари ќе ја завршиме експропријацијата на коридорите 8 и 10, со исклучок на делот кој се наоѓа во заштитената зона на Охридското езеро“, изјави Николоски.