Петровска: Власта ќе побрза со спојувањето на АНБ и АР за да го разреши Христовски на елегантен начин

Според неа, актуелната власта нема капацитет да го спроведе спојувањето на АНБ и АР, но под притисок на „скандалот“ со Христовски, ќе сака да го направи тоа што е можно побргу.

Пратеничката на СДСМ во Собранието и ексминистерка за одбрана, Славјанка Петровска вели оти нема да биде изненадена ако во наредните неколку недели во парлементот биде поднесе закон за спојување на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнање (АР).

Со тоа, како што вели таа во неделното интервју за Радио Слободна Европа, власта на „елегантен“ начин ќе го „разреши“ директорот на АНБ, Бојан Христовски по бројните прашања што ги отвори неговото назначување, и ќе назначи нов директор на таа нова Агенција.

Според неа, актуелната власта нема капацитет да го спроведе спојувањето на АНБ и АР, но под притисок на „скандалот“ со Христовски, ќе сака да го направи тоа што е можно побргу.

-И не би се изненадила ако во наредните неколку недели, до крајот на оваа година тој закон биде поднесен во Собранието, затоа што мислам дека тоа ќе им биде исто така еден „елегантен“ начин како тие да го избегнат повлекувањето на овој директор, едноставно ќе назначат нов на таа заедничка, да речам, разузнавачка служба, односно една Агенција – вели Петровска.

Во однос на назначувањето на Христовски и прашањата што тоа ги отвори, Петровска повтори дека многу од нив и понатаму остануваат неодговорени и како партија апсолутно сметаат дека новиот директор на АНБ бил назначен незаконски.

-Апсолутно, и имаме многу аргументи за тоа, бидејќи не сакаме да се сведе се на испраќањее соопштенија од една или од друга страна. А во рамките и на надлежностите на Комисијата за надзор, ние не да вршиме понатаму на било која Агенција надзор, без ралзика дали е тоа АНБ и Агенцијата за разузнавање ако знаеме дека директорот или некој од челната позиција е незаконски поставен – рече Петровска.