Опозицијата во Србија ќе бара седница на која ќе се гласа за доверба на Владата
Заменик-шефот на пратеничката група и генерален секретар на партијата Србија центар, Стефан Јањиќ изјави дека опозициските партии ќе бараат седница на Собранието на која ќе се гласа за доверба на Владата на Србија.
Заменик-шефот на пратеничката група и генерален секретар на партијата Србија центар, Стефан Јањиќ изјави дека опозициските партии ќе бараат седница на Собранието на која ќе се гласа за доверба на Владата на Србија.
„Барањето за таа седница треба да биде потпишано од најмалку 60 пратеници. По поднесувањето на предлогот, тој ќе биде прва на следната седница, а најрано во рок од пет дена. Веќе го подготвивме предлогот, се собираат потписи“, изјави Јањиќ, пренесоа белградските медиуми.
Тој додаде дека „власта бега од одговорноста за злосторството што се случи на 1 ноември во Нови Сад, злосторство кое засега е неказнето“.
Според Јањиќ, власта се обидува да ги „разбие“ опозициските партии, но фокусот е на пратеничките групи.
„Мислам дека целта им е да ни оневозможат 84 пратеници, што е неопходно за да се закаже вонредна седница на Собранието, со тема што ние би ја предложиле, да бидеме известувачи, а со тоа и неограничено време за расправа. Мислам дека целата приказна за лошите односи во опозицијата е претерана. Бевме обединети на сесијата за литиум. И доставивме заеднички предлог за свикување седница за Косово и Метохија“, додаде Јањиќ.