Српски медиуми: Опозицијата повикува на протест во Белград доколку власта не ги исполни барањата
Претставниците на опозицијата разговараа и за начинот на контролирање на демонстрантите за протестот да не прерасне во немири, како што се случи во Нови Сад.
Опозициските партии ќе ги повикаат в петок граѓаните на протест во Белград, доколку владата не ги исполни нивните барања за разрешување на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милош Ѓуриќ, поради смртта на 14 лица откако се урна бетонска настрешница на железничката станица во тој град, пренесе Бета.
Како што пишува порталот Нова, на средбата на опозицијата било договорено до денес да им се даде рок на надлежните да ги исполнат барањата, меѓу кои е и ослободување на приведените по протест во Нови Сад, а доколку тоа не се случи, протестот во Белград би можел, според порталот, да се одржи следната среда.
Претставниците на опозицијата разговараа и за начинот на контролирање на демонстрантите за протестот да не прерасне во немири, како што се случи во Нови Сад.