Аналитичарот Стојковски: И со изборот на Трамп политиката на САД ќе остане конзистентна
„Доналд Трамп, сега 47-от Претседател на САД, во однос на нашата држава, корисно е да се сетиме на неговата изјава од 2018 година, кога при потпишувањето на Договорот од Преспа рече дека „тоа е најголемото достигнување во историјата на Балканот по Дејтонскиот договор“, вели Стојковски.
Аналитичарот Андреја Стојковски од „Преспа институтот“ смета дека американската политика за Западен Балкан останува конзистентна, што се потврдува и за време на администрацијата на претседателот Бајден и дека изборот на Трамп, нема да донесе суштински промени за нас.
„САД остануваат наш стратешки партнер. Тие ќе продолжат да не поддржуваат во интеграцијата во ЕУ, одбраната од странските влијанија и борбата против корупцијата. Без оглед на различните квалификации за Трамп, САД ќе продолжат да се справуваат со авторитарните режими, барем оние кои ќе им пречат, а ќе ја поддржуваат и демократизацијата на регионот“, напиша на својот фејсбук профил Стојковски.
Тој потсетува и на една изјава на Трамп, дадена токму во врска со нашата земја.
„Доналд Трамп, сега 47-от Претседател на САД, во однос на нашата држава, корисно е да се сетиме на неговата изјава од 2018 година, кога при потпишувањето на Договорот од Преспа рече дека „тоа е најголемото достигнување во историјата на Балканот по Дејтонскиот договор“.
-Не се согласувам со јазикот кој го користи, како и со начинот на кој говори. Не можам да ја прифатам како нормална за јавен дискурс омразата и навредите кон противниците, ниту да го разберам потсмевот кон оние кои не се толку привилегирани во општеството. Станува збор за основна пристојност. Не ги споделувам ниту вредностите зад кои стои или за кои се залага, но…
-Ако зборуваме за политиката на Доналд Трамп, сега 47-от Претседател на САД, во однос на нашата држава, корисно е да се сетиме на неговата изјава од 2018 година, кога при потпишувањето на Договорот од Преспа рече дека „тоа е најголемото достигнување во историјата на Балканот по Дејтонскиот договор“. Од тој период наваму, политиката на САД за Западен Балкан останува конзистентна, без разлика на промените во администрацијата.
-САД остануваат наш стратешки партнер. Тие ќе продолжат да не поддржуваат во интеграцијата во ЕУ, одбраната од странските влијанија и борбата против корупцијата. Без оглед на различните квалификации за Трамп, САД ќе продолжат да се справуваат со авторитарните режими, барем оние кои ќе им пречат, а ќе ја поддржуваат и демократизацијата на регионот.
Во поширокиот европски контекст, изборот на Трамп може само да ја поттикне ЕУ на поголема кохезија и поддршка за проширувањето. Ова за нас ќе биде корисно, бидејќи успехот на Унијата ќе се мери и преку пристапните преговори и пристапувањето на Северна Македонија.
-Во НАТО, нашата интеграција ќе продолжи со дополнителни буџетски вложувања за одбрана и модернизација на армијата, првенствено со опрема од САД.
-Со други зборови, нашите обврски и насоки остануваат и натаму, а ЕУ и НАТО нема да се распаднат, туку веројатно ќе станат посилни — Европа пообединета и поотпорна, а НАТО подобро опремено и поефикасно, пишува Стојковски.