Макрадули: Сето она кое го зборуваше Груевски, сега го зборува Мицкоски
„Погледнете ја само реториката. Вистината е како шило и ред други работи, тоа е таа реторика на Груевски. Сега само ликот е променет. Сето она кое го збореше Груевски, сега го зборува Мицкоски. Не е ништо сменето“, рече Макрадули.
Јани Макрадули од СДСМ во тв гостување рече дека актуелниот премиер Христијан Мицкоски ја користи истата реторика како и Никола Груевски.
„Погледнете ја само реториката. Вистината е како шило и ред други работи, тоа е таа реторика на Груевски. Сега само ликот е променет. Сето она кое го збореше Груевски, сега го зборува Мицкоски. Не е ништо сменето“, рече Макрадули.
За објавите на социјалните мрежи на екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, Макрадули вели дека не помагаат на партијата во овој момент.
„За разлика од мене, Шилегов е дел од структурите последни на СДСМ како дел од извршниот одбор, каде што претпоставувам дека имало простор тие теми да се зборуваат. Таквите изјави не помагаат во овој момент, за дебата секако сум за, за широки и долги дебати и за размена на дебати, но социјалните мрежи не треба да биде место каде што ќе се каже нешто што не е добро за хомогеноста на партијата. Не треба да правиме поделба, напротив СДСМ е партија која е присутна низ целата држава“, рече Макрадули.
Макрадули го кажа својот став и за победата на Доналд Трамп на изборите на САД.
„Не верувам дека победата на Трамп ќе донесе поголеми потреси кај нас. Гледам дека има еуфорија во Србија со оваа победа, меѓутоа не верувам дека некој ќе ни ги реши проблемите, ако ние самите не си ги решиме. Зборувам за нашата земја, но и за другите земји од Балканот“, рече Макрадули.