Светот му честиташе на Трамп

Светските лидери денеска му честитаа на кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп по повод победата на претседателските избори во САД.

Светските лидери денеска му честитаа на кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп по повод победата на претседателските избори во САД.

„Честитки до претседателот Доналд Трамп. Подготвен сум да работиме заедно, како што правевме четири години. Со твоите и моите убедувања, со почит и амбиција. За повеќе мир и напредок“, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на својот профил на мрежата Х.

Британскиот премиер Кир Стармер во својата честитка истакна дека односите меѓу Велика Британија и САД ќе продолжат успешно да се развиваат, истакнувајќи дека „со нетрпение очекува соработка со Трамп во наредните години“.

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, во својата честитка напиша дека Италија и САД се „сестрински земји“.

„Во мое лично име и во име на италијанската влада, искрено му честитам на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Италија и САД се сестрински нации, поврзани со непоколебливи односи, меѓусебни односи и историско пријателство. Тоа е стратешки однос, кој сигурна сум дека ќе го зајакнеме“, наведе Мелони на платформата Икс.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен му посака „топли честитки“ на Трамп. „ЕУ и САД се повеќе од обични сојузници. Ние сме обврзани со партнерството на нашите народи, кои сочинуваат 800 милиони граѓани. Ајде да работиме заедно на силна трансатлантска агенда која ќе работи за нив“, напиша таа на мрежата Икс.

Индискиот премиер Нарендра Моди го повика Трамп да „работи заедно за подобрување“ на двете нации и да промовира глобален мир, стабилност и просперитет.

„Најголемото враќање во политичката историја на САД! Честитки до претседателот Доналд Трамп за огромната победа. Многу потребна победа за светот“, изјави Орбан.

На Трамп му честиташе и австрискиот канцелар Карл Нехамер, кој рече дека САД се важен стратешки партнер на Австрија.

„Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување и зајакнување на нашите трансатлантски односи и успешно справување со глобалните предизвици заедно“, напиша Нехамер на Икс.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека Трамп кога ќе ја преземе функцијата, ќе биде пречекан од „посилна, поширока и поуникатна Алијанса“. „Неговото лидерство ќе биде клучно за зајакнување на Алијансата. Со нетрпение очекувам повторно да соработувам со него за да го промовираме мирот преку силата на НАТО“, рече Руте.

„Историската победа“ ја честитаа и премиерите на Романија и Полска, Марсел Чолаку и Петр Фијала.

Преемиерот Христијан Мицкоски беше меѓупрвите на Балканот му честиташе на Трамп за победата велејќи дека „оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата“. Честитки упатија и претседателката на Северна Макеоднија, Гордана Сиљановска Давкова, лидерот на  СДСМ, Венко Филипче, ДУИ и ВЛЕН.

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар ја поздрави победата на Доналд Трамп и ја потврди подготвеноста на земјата да соработува со САД за справување со глобалните предизвици.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му честиташе на републиканецот Доналд Трамп за убедливата победа, како и претседателската на Косово, Вјоса Османи, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ,  лидерот на бугарската победничка партија на последните избори ГЕРБ, Бојко Борисов изрази подготвеност „повторно заеднички да работат“.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис му порача на Трамп дека Грција со нетрпение очекува натамошно продлабочување на стратегиското партнерство меѓу двете земји и заедничка работа на важните регионални и глобални прашања.

Албанскиот премиер Еди Рама покрај честитките на Трамп истакна дека му претставувало чест да соработува со 46-от претседател на САД,  Џо Бајден.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му честиташе на својот „пријател“ Доналд Трамп за неговата победа на претседателските избори во САД, по, како што рече, „големата битка“.