Новиот македонски и стариот бугарски состав во Комисијата за историски прашања утре ќе седнат на иста маса
Точките за разгледување се непознати за јавноста, а единствено е познато дека средбите ќе траат два дена - утре и задутре во просториите на македонското Министерство за надворешни работи во Скопје.
Утре се очекува новиот македонски состав историчари на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија да ја имаат првата средба со своите бугарски колеги.
Точките за разгледување се непознати за јавноста, а единствено е познато дека средбите ќе траат два дена – утре и задутре во просториите на македонското Министерство за надворешни работи во Скопје.
Македонската влада пред еден месец донесе одлука за смена на составот затоа што стариот „не ги оправдал очекувањата“.
Досега мешовитата Комисија усвои преораки за заедничко чествување на пет историски ликови – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.
Последната средба на македонските и бугарските историчари во рамки на Договорот за добрососедство беше на 30 и 31 мај. Нови членови во комисијата се Митко Панов, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини, додека Александар Литовски и Ванчо Ѓорѓиев се повратници, а Димитар Љоровски е единствениот останат од стариот состав.