Започнува самитот на БРИКС

Со собирањето на групата БРИКС во Казан, Кремљ „има за цел да покаже дека Русија не само што не е изолирана, туку има партнери и сојузници“, изјави за АФП политичкиот аналитичар од Москва Константин Калачев.

Дваесетина светски лидери денеска ќе пристигнат во Казан, во руската република Татарстан за да го означат отворањето на самитот на групата БРИКС.

Самитот е најголемиот таков состанок во Русија откако таа ја започна војната Украина и се случува кога рускиот претседател Владимир Путин се обидува да покаже дека обидите на Западот да ја изолира Москва поради офанзивата која траеше две и пол години не успеаја.

На самитот, кој се одржува од денеска до 24 октомври, ќе учествуваат кинескиот лидер Кси Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Москва го гледа проширувањето на групата БРИКС, акроним за основните членки Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, како столб на својата надворешна политика.

Главните прашања на агендата во Казан е идејата на Путин за единствен и нов платен систем предводен од БРИКС, како ривал на СВИФТ, меѓународната финансиска мрежа од која руските банки беа исклулчени во 2022 година заради инвазијата на Украина, аќе се разгледува и ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

Кремљ го промовираше собирот како дипломатски триумф што ќе му помогне да изгради сојуз за да ја предизвика западната „хегемонија“.

Соединетите Американски Држави ја отфрлија идејата дека БРИКС може да стане „геополитички ривал“, но изразија загриженост поради тоа што Москва ги раздвижува своите дипломатски мускули додека беснее конфликтот во Украина.

Со собирањето на групата БРИКС во Казан, Кремљ „има за цел да покаже дека Русија не само што не е изолирана, туку има партнери и сојузници“, изјави за АФП политичкиот аналитичар од Москва Константин Калачев.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на Путин во 2023 година поради нелегално депортирање на деца од Украина, а рускиот лидер се откажа од плановите да присуствува на претходниот самит во членката на МКС во Јужна Африка.

Овојпат, Кремљ сака да покаже дека БРИКС е „алтернатива на западниот притисок и дека мултиполарниот свет е реалност“, рече Калачев, мислејќи на напорите на Москва да ја префрли моќта од Запад во други региони.

Во Казан, Путин ќе има поединечни средби со Моди и Кси, како и со лидерите на Јужна Африка и Египет во вторник, по што ќе следат одделни разговори со Ердоган и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во среда.

На овој самит ќе допатува и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и тоа е негово прво патување во Русија од април 2022 година откако почна војната во Украина.

Пред самитот, новинарите на АФП во градот известија за засилени безбедносни мерки и видливо полициско присуство.

Околниот регион Татарстан, кој е на околу 1.000 километри (620 милји) од границата со Украина, претходно беше погоден од долги напади со украински беспилотни летала.

Движењето низ центарот на градот е ограничено, жителите се советуваат да останат дома, а студентите се иселиле од студентските домови, јавуваат локалните медиуми.