Почина Пол Ди’Ано – поранешен предводник на хеви-метал бендот „Ајрон мејден“

Причината за смртта, неофицијално, е „измачувањето од неколку здравствени проблеми“ одеднаш, според западните медиуми.

Пол Ендрјус, попознат како Пол Ди’Ано – пејач и поранешен предводник на хеви-метал бендот „Ајрон мејден“ (Iron Maiden), почина на 67 години. Музичарот е пронајден мртов вчера во својот дом во Солзбери, Велика Британија.

„Во име на неговото семејство, ‘Конквест мјузик’ (Conquest Music) со тага ја потврдува смртта на Пол Ендрјус, професионално познат како Пол Ди’Ано“, објави неговата издавачка куќа во известувањето објавено во британски „Метро“.

Причината за смртта, неофицијално, е „измачувањето од неколку здравствени проблеми“ одеднаш, според западните медиуми.

Пол Ди’Ано е роден на 17 мај 1958 во Лондон. Со групата „Ајрон мејден“ настапува од 1978 година. Во 1981. го снимија албумот „Killers“ по што следеше светска турнеја.

На крајот на таа турнеја, истата година Ди’Ано го напушти составот и почна соло кариера. Иако никогаш не го постигна комерцијалниот успех што го имаше со „Ајрон мејден“, Ди’Ано остана активен на метал-сцената, претворајќи се во икона меѓу љубителите на поостриот звук.

Во 2016 година мораше на операција на коленото, поради што некое време се оддалечи од сцената. Иако неговата здравствена состојба со годините се влошуваше, тој продолжи да настапува, дури и во ортопедка количка.