Претседателот на Украина – Володимир Зеленски објави ново видео во кое го повикува Западот да испрати оружје. Тој истакна дека е потребно повеќе оружје за „да се спасат милиони Украинци, како и милиони Европејци“.
„Слободата мора да биде вооружена подобро од тиранијата“ – рече Зеленски.
Претседателот на Украина наведе голем број потребни специфични оружја, вклучувајќи артилерија од 155 милиметри, системи за лансирање ракети, оклопни возила и борбени возила за пешадија. Побара и тенкови Т-72 „од САД или Германија“ и рече дека се потребни повеќе воени авиони.
Зеленски предупреди дека конфликтот во земјата ќе стане „бескрајно крвопролевање, ширење беда, страдање и уништување“.
„Но, Русија сè уште има капацитет да изврши напад, и тоа не само против Украина. Полска, Молдавија, Романија и балтичките земји ќе станат следните цели доколку падне слободата на Украина“ рече тој.