Зеленски го претстави „Планот за победа“ во украинскиот Парламент

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Врховната рада го претстави „планот за победа“, кој се состои од пет клучни точки, пренесува Киев Индипендент.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Врховната рада го претстави „Планот за победа“, кој се состои од пет клучни точки, пренесува Киев Индипендент.

Како прва точка е членство во НАТО, следува одбраната, па одвраќање на руската агресија, економски раст и соработка и последната е повоена безбедносна архитектура.

Планот вклучува и три тајни додатоци поврзани со чувствителните делови кои нема да бидат објавени во јавноста, но ќе бидат клучни за спроведување на стратешките цели на Украина.

„Доколку планот биде поддржан, можеме да ја завршиме војната најдоцна следната година“, рече Зеленски во Парламентот во присуство на врховниот командант Олександр Сирски, шефот на военото разузнавање Кирил Буданов и западни дипломати.

Поканата до Украина за членство во НАТО беше на врвот на листата. Киев го поднесе своето барање за приклучување во септември 2022 година, но сè уште не добил јасен сигнал од сојузникот. Зеленски рече дека тој чекор треба да се направи „сега“, што претставува отстапување од неговите претходни коментари дека тој чекор може да биде одложен до крајот на војната.