Матеус: Елиминацијата на Баерн во ЛШ е удар за германскиот фудбал
Легендата на германскиот фудбал – Лотар Матеус по елиминацијата на минхенски Баерн од шпански Виљареал во четвртфиналето на Лигата на шампионите рече дека тоа е силен удар за германскиот фудбал.
„Елиминацијата на Баерн од Лигата на шампионите му штети на германскиот фудбал. Виљареал не е противникот од кој можеш да бидеш исфрлен. Сепак, Баерн не прикажува добра игра во последните недели, па ова и не е толку големо изненадување. Нивната игра не беше насочена, тимот не понуди решенија“ – изјави Матеус.
Според него, атмосферата во Баерн е лоша.
„Не се работи само за фудбалот, има многу, многу се зборува наоколу. Трансфер сагата околу Левандовски повторно стана тема на разговор. Речиси не сум видел таков хаос во Баерн во последните години“ – додаде Матеус.