Голема полициска акција синоќа низ Македонија. Според информациите, акциите се во Струмица и Гевгелија.
Во меѓувреме, дел од медиумите неофицијално, повикувајќи се на полициски извори, пренесуваат дека во акцијата се уапсени 30-ина цариници и полициски службеници.
Апсењата се поради несовесно работење во службата, како и земање на мито.
Акцијата се спроведува во координација со Специјализирано јавно обвинителство, кое е надлежно за гонење на кривични дела, вклучително и оние извршени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.