Во Албанија августовската инфлација 1,9 отсто, најниско ниво во изминатите три години

Албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ) попладнево објави дека  продолжува падот на стапката на инфлација во Албанија, која во септември забележала ниво од 1,9 отсто, што е најниско ниво забележано во последните три години.

Споредно со минатиот месец таа е пониска за 0,6 проценти додека во однос на истиот месец минатата година е пониска за 2,2 отсто.

-На годишниот раст на цените во септември главно влијаеше групата „Храна и безалкохолни пијалаци“ со 0,94 процентни поени, а по неа е групата „кирија, вода, гориво и енергија“ со 0,30 процентни поени, наведува ИНСТАТ.

Централна банка неодамна објави дека Албанија веќе ја надминала ценовната криза, додека нивото на инфлација останува под нејзината цел од три проценти.

Според Банката падот на инфлацијата го одразува брзото намалување на увезената инфлација, на што влијаеше и девизниот курс, бидејќи еврото веќе неколку месеци е под границата од 100 леки, што е рекордно најниска вредност на европската валута во однос на лекот.