Телевизијата ТВ21 објави снимка на која се гледа како започнал пожарот во скопски Чаир.
Снимката е од надзорна камера и истата не може да се види, дали истиот е подметнат или е предизвикан од невнимание.
Според станарите со кои разговарала телевизијата пожарот е предизвикан поради невнимание, односно нешто што било запалено надвор.
По пожарот 43 лица побараа лекарска помош, меѓу кои и 12 деца, оштетени се неколку станови, а официјално сè уште нема информација за причината.
Фирматата која го користела подрумот како импровизиран магацин одлучила да ги обештети станарите и да помогне да си ги вратат домовите во првобитната состојба, па дури и подобра, велат станарите.
Жителите на зградата се уште не можат да влезат во становите, бидејќи се чека вештачењето.