Жителите во БиХ ги санираат штетите и траумите од погодените области

Погледот со дрон над Долна Јабланица, сведочи за ужасот во една од областите погодени од поплавите во Босна и Херцеговина, откако обилните дождови рано на 4 октомври предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето.

Досега се пронајдени најмалку 15 тела на загинатите во Херцеговина и три тела во централна Босна.

Меѓу десет и петнаесет се водат за исчезнати во областа Коњиќ и Јабланица, изјави за РСЕ Дарко Јука, раководител на Одделот за односи со јавност на Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон.

Како што рече, „претпоставката е дека меѓу исчезнатите има и такви кои не се жители на тоа подрачје, бидејќи настрада голема транзитна зона“, јавува Радио Слободна Европа.

Поглед со дрон на поплавената област во Долна Јабланица, Босна и Херцеговина, 6 октомври 2024

Состојбата во подрачјата погодени од поплавите Јабланица и Коњиќ во Босна и Херцеговина не е променета, ноќта помина мирно, без нови поместувања на копното и без дополнителни закани.

„Водостоите на реките се стабилни“, соопшти денеска (6 октомври) Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК), повикувајќи се на информации од Штабот за цивилна заштита на ХНК.

Поглед со дрон на џамијата и куќите во Долна Јабланица

Во соопштението се наведува дека спасувачите се на терен и дека продолжува потрагата по настраданите, како и активностите за воспоставување на сообраќајната, телекомуникациската и електроенергетската инфраструктура.

Во Коњиќ е воспоставен сообраќаен коридор кон селото Бутуровиќ Поље, каде спасувачките служби можат да користат една лента.

Во БиХ денеска се одржуваат локални избори, освен во пет општини на ФБиХ поради поплавите

БиХ го активираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ