Карвахал ги скина предните вкрстени лигаменти

 Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено на натпреварот од 9. коло од шпанското фудбалско првенство.

Реал синоќа го доби Виљареал со 2:0, но го загуби Карвахал до крајот на сезоната.

– Сериозна повреда на вкрстените лигаменти. Јас сум пред операција и веќе со нетрпение очекувам да започнам со закрепнувањето и да се вратам како „ѕвер“. Ви благодарам на сите за вашите пораки со поддршка, се чувствувам многу сакан, напиша Карвахал на социјалните мрежи.

Триесет и двегодишниот Шпанец се судри со противнички играч за време на судиското надополнување и заврши на тревата. Теренот го напушти на носилки.