Алкарас: Жестокото темпо ги „убива“ тенисерите
Карлос Алкарас е дел од тениската елита која настапува на новото издание на „Лејвер куп“, а по триумфот над Бен Шелтон зборувал и на сериозна тема која ги засега сите тенисери.
Шпанецот смета дека големиот број турнири и мечеви наметнуваат нереално темпо за главните актери во овој спорт, па тие најчесто завршуваат со разни повреди.
– Ова темпо веројатно не убива сите на различен начин. Во актуелната ситуација, многу добри тенисери ќе пропуштат важни турнири поради повреди. Понекогаш едноставно не ми се ни игра на некој турнир, нема да лажам, сум го имал чувство повеќе пати. Тешко е да најдете мотивација за настап, а јас играм најдобро кога имам насмевка на лицето и кога уживам на теренот – рекол Алкарас.