По концертите во Минхен, Германија, каде што настапуваше четири седмици, Адел ја продолжува турнејата во САД, но високите цени на влезниците ги налутија обожавателите.
Адел ќе одржи серија концерти во Лас Вегас од крајот на октомври до крајот на ноември. Картите задниот дел на салата, на пр. се движат од 3.500 до 4.800 долари, а оние за седиштата блиску до сцената чинат повеќе од 5.000 долари.
На „препродажба“, билетите се даваат и за цена од 13.000, па дури и до 70.000 долари.
Обожавателите се жалат на цените на картите и на социјалните мрежи.
„Таа е неверојатна, но цените на билетите се превисоки“, „Ако го дозволиш ова како уметник, тогаш губам секаква почит кон тебе“, „Имам билети и сега размислувам да ги продадам“ – гласат дел од коментарите.
За потсетување, пејачката најави подолга пауза во музичката кариера, по оваа турнеја и откри дека сака да ѝ се посвети на семејството, но и на глумата, како што пренесува „Индекс“. Според Светската филмска база на податоци – ИМДБ, Адел има „Оскар“ за оригинална филмска песна од 2013 година, но засега нема најава за нејзино учество во нов филм.
Таа наводно одбила понуда за нови концерти и потенцијална заработка од 200 милиони долари бидејќи сака да поминува време дома со своето дете.