Полицијата трага по 29-годишна штипјанка, откако сопругот ја пријавил како исчезната.
Жител на Штип вчеравечер пријавил дека неговата сопруга го напуштила семејниот дом и не се вратила.
„На 18.09.2024 во 23.10 часот во штипската полиција, Р.А.(32) од Штип пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга С.Д.(29) од Штип“ – велат од полицијата.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на жената.