Младата велешанка Теодора, по која се трагаше откако заедно со нејзината двегодишна ќерка го напуштила семејниот дом, објави „Фокус“.
Мајката и девојчето биле пронајдени вчера во Струмица.
Веста за пронаоѓањето на мајката и ќерката ја потврдија од СВР Велес. Оттаму информираат дека мајката и ќерката се во добра состојба.
Таткото на Теодора завчера изјави дека иако ќерка му е возрасна, пријавил во полиција бидејќи бил загрижен за внуката, односно за тоа како ќерката ќе се грижи за неа без негова помош.