Трилинг најава: До каде достигнуваат пипците на корупцијата?

До каде достигнуваат пипците на корупцијата и организираниот криминал?

Која е вистината за пропаѓањето на Еуростандард банка?

Зачестена комуникација Мицкоски – Орбан. Може ли да се очекува оваа власт да го врати бегалецот Груевски?

Од каде да започне реформата на судството?

Покрај непотизмот, како да се справиме со страничните политички и бизнис влијанија?

Дали во Македонија има картелско поврзување во телекомуникациите, производството и трговијата со струја?

Гости во утрешното издание на Трилинг се поранешниот министер за внатрешни работи, актуелен пратеник од СДСМ – Оливер Спасовски, адвокатот д-р Валентин Пепељугоски и Искра Гешовска – теоретичарка на книжевност и уметност.