Биткоинот стабилен на 51.038 евра

Вчера во 15 часот и 15 минути, Биткоинот благо порасна за 0,22 отсто, на 51.038,17 евра на најголемата светска берза за криптовалути Binance, но расположението на пазарот се уште е мрачно.

Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 30,27 милијарди евра.

Индексот на страв и алчност за Биткоин моментално е на ниво 22 во категоријата „екстремен страв“, што сугерира дека расположението на инвеститорите е на многу ниско ниво и тие веруваат во пад на цената на Биткоинот.