Деветти ден од блокадата на зградите на српските институции на северот на Косово

Деветти ден од блокадата на зградите на српските институции на северот на Косово. Стотици вработени сè уште не можат да одат на своите работни места.

Полиција Косово продолжи со сослушувањата на челниците на српските институции. Состојбата на северот на Косово била клучна тема и во разговорот меѓу претседателот на Србија и рускиот амбасадор во Лозница.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ повтори косовскиот премиер, Албин Курти, има намера етничко да го исчисти Косово и Метохија од Србите.

Тој оценува дека Србија има две опции – првата е политичка и дипломатска борба, а втората е Курти да ја вовлече Србија во конфликт.

Косовската полиција вчера го испрашувала претставникот на Српската листа Зоран Тодиќ.

Тодиќ е четвртиот челник на институциите на Владата на Србија, чии објекти минатата недела беа затворени од властите во Приштина со полициска акција.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак е во Приштина за да ја подготви следната рунда од дијалогот меѓу главните преговарачи. По средбата со приштинскиот претставник Бесник Бисљими рече дека се договориле за датумот на средбата, но дека засега не сака да го обелодени во јавноста.