Претрес во позната градежна фирма – се разгледува документација од лажирани јавни тендери
Денеска се врши претрес во позната скопска градежна компанија, пишуваат дел од медиумите.
Информациите се дека полициските мерки била се за да се обезбеди документација од лажирани јавни тендери и лажни ИСО сертификати.
Дали со ова веќе се праќа порака дека фокусот во борбата против криминалот ќе биде проширен на повеќе фронтови.
Според информациите, јавните набавки ќе бидат една од најголемите битки кои ќе ги водат истражните органи, на тој начин гарантирајќи го транспарентно и одговорното трошење на народните пари.
ИСО сертификатите претставуваат критериум за квалитет и безбедност во производството и услугите кои ги користат фирмите и граѓаните. Лажните ИСО сертификати не само што ја злоупотребуваат довербата на потрошувачите, туку исто така ги доведува во безбедносен ризик и опасност.
Неофицијално, градежната фирма се сомничи за противправна имотна корист од неколку милиони евра.