ЦУК: Шест активни пожари, еден под контрола

Од вкупно 40 активни пожари на отворен простор во изминатото деноноќие, во моментов се активни шест. Еден пожар е под контрола, а изгаснати се 33, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите на територијата на Општина Прилеп кај селата Пештани, Кокре, Кален, Дуње, Бонче, Крушевица и Волково. Пожарот се шири на три крака – од селото Бонче кон село Крушевица, превој Слива кон село Чумово и Пештани. Зафатена е нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.

Активни се и пожарите на територијата на Општина Чашка, Петровец, Штип, Чучер-Сандево и Долнени. Горат нискостеблеста, мешана шума, смреки и сува трева.

Под контрола е еден пожар на територијата на Општина Кочани, каде што е зафатена градската депонија.

Изгаснати се 33 пожари.