Антикорупциска бара од Обвинителство да отвори предмет за работењето на Лукаревска во УЈП
Антикорупциска поднесе иницијатива до обвинителството за гонење на поранешната директорка на УЈП, Сања Лукаревска за „Несовесно работење во службата“.
Ова следи по одлуката на Државниот инспекторат за труд за поништување на договорите на 129 вработените во УЈП, кои биле потпишани врз основа на нерегуларни правилници за работа.
Со потпис на Лукаревска во февруари годинава вработените од административни станале даночни службеници и добиле повисоки плати.
Со тоа буџетот на УЈП бил оштетен за околу 292 илјади евра.
Претходно Антикорупциска донесе одлука дека вработувањата, исто така се незаконски, бидејќи договорите биле склучени за време на изборите.