Познат е списокот на Македонија за дуелите со Фарски Острови и Ерменија
Македонската фудбалска репрезентација ќе тргне во новиот циклус на Лигата на нациите, каде што за противници во групата ги има Фарски Острови, Ерменија и Летонија.
Првиот натпревар за нашите фудбалери ќе биде во Торшавн на 7 септември, додека три дена подоцна во Скопје гостува Ерменија.
Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета на овие дуели. Дебитантски повик во репрезентацијата доби Кристијан Трапановски, повратник во тимот е и Давид Бабунски, а генерално нема изненадувања во изборот.
ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Валенсија (Шпанија)
Дамјан ШИШКОВСКИ – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ – Падерборн (Германија)
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар (Унгарија)
Јован МАНЕВ – Адана Демирспор (Турција)
Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати (Русија)
Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре (Данска)
Стефан АШКОВСКИ – Шанлиурфаспор (Турција)
Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова (Романија)
Дарко ВЕЛКОВСКИ
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ – Трабзонспор (Турција)
Јани АТАНАСОВ – Краковија (Полска)
Агон ЕЛЕЗИ – Бохум (Германија)
Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице (Полска)
Елиф ЕЛМАС – Лајпциг (Германија)
Исник АЛИМИ – Сепси (Романија)
Давид БАБУНСКИ – Данди Јунајтед (Шкотска)
НАПАД:
Бојан МИОВСКИ – Џирона (Шпанија)
Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко ЧУРЛИНОВ – Јагиелонија (Полска)
Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук (Хрватска)
Лирим ЌАМИЛИ – Сондерјиске (Данска)
Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин (Хрватска)
Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Данди Јунајтед, Шкотска)
Првиот собир во Скопје е закажан за втори септември.