Во сообраќајка загина 18-годишник, уште едно 17-годишно момче се бори за живот

Момче (18) загина во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска, додека малолетник (17) има тешки телесни повреди опасни по живот, соопшти ПУ на Сисак-Мославина.

Сообраќајката се случила синоќа околу 22 часот, во Суња кога 18-годишник, кој бил зад воланот на автомобил со регистрација од Сисак, во кривина со голема брзина изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрво.

Младиот човек починал, а неговото тело е пренесено во Општата болница во Сисак, каде ќе биде извршена обдукција.

Момчето (17) кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди опасни по живот.