Влаховиќ го одби повикот на Пикси, нема да игра за Србија
Душан Влаховиќ го известил српскиот селектор, Драган Стојковиќ – Пикси дека нема да игра на претстојните натпревари во Лигата на нации.
Напаѓачот на Јувентус нема да биде дел од српската репрезентација на натпреварите против Шпанија и Данска.
„Денес го известив стручниот штаб дека поради семејни причини нема да бидам во можност да се одзвам на поканата од селекторот за претстојните натпревари на Лигата на нации против Шпанија и Данска“, напиша Душан Влаховиќ на Инстаграм.
Српските медиуми шпекулираат дека е можна нова афера и неизвесно е дали Влаховиќ ќе се јави на повикот на Пикси во октомври.