Стотици илјади мртви риби го затрупаа туристичкото место Волос во Грција
Грчките власти почнаа да собираат стотици илјади мртви риби кои го поплавија пристаништето на туристичкото место Волос, откако поплавите ги принудија да ги напуштат нивните природни слатководни живеалишта.
Мртвата риба формирала еден вид ќебе на површината на морето, а локалните власти побрзале да ја отстранат пред нејзиниот непријатен мирис да стигне до рестораните и хотелите, објави Ројтерс.
Членот на градскиот совет Стелиос Лимниос изјави дека угинатата риба се проширила со километри.