Дете (8) во Белград е хоспитализирано со изгореници, допрело електричен кабел додека си играло

Момчето В.М.(8) вчера било примено во Институтот за мајка и дете со изгореници по телото бидејќи било повредено од струен удар.

Наводно, додека играл, допрел кабел за струја во Нов Белград.

Според информациите, момчето сега е стабилно, јавуваат српските медиуми.

За инцидентот е известено и надлежното Обвинителство.