Таткото на Јамал пуштен од болница – четири лица уапсени за нападот со нож!

Мунир Насрауи, таткото на шпанскиот фудбалски талент Ламине Јамал, е пуштен од болница, два дена откако беше избоден со нож.

Тој бил забележан опкружен со пријатели во овој град, кој се наоѓа на 30 километри од Барселона, каде што пораснал Јамал и каде што сè уште живее дел од неговото семејство.

Насрауи им се заблагодари на сите кои му дадоа поддршка и помош по овој напад, особено истакнувајќи го полицаецот, кој му помогнал да го запре крварењето од раната на градите.

Пораки за поддршка и охрабрување стигнаа и преку социјалните мрежи, каде многу луѓе изразија сочувство за овој тежок инцидент.

„Бев помеѓу животот и смртта, се плашев како и секој друг човек. Морам да бидам смирен за доброто на сите, за себе и за доброто на моето семејство. Немам избор. Мора да веруваме дека правдата ќе го следи својот тек. Благодарен сум што можам да зборувам“, изјави Насрауи.

По нападот четири лица се уапсени под сомнение за обид за убиство.

По појавувањето пред судот едно лице е задржано во притвор, додека три лица се пуштени под судски надзор.

Деталите за мотивите на нападот и околностите кои довеле до овој инцидент се уште не се целосно јасни.

Според шпанските медиуми, Насрауи бил избоден неколкупати во средата навечер на паркинг во Матар по расправија со мажи кои му пришле додека го шетал своето куче.