Американскиот претседател Џо Бајден беше принуден да се откаже од изборната кампања поради државниот удар, изјави републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.
– Тоа всушност беше државен удар на претседателот, ако размислите за тоа. Има 14 милиони гласови. Една година водеше кампања и на крајот победи и го избркаа. Рекоа – или излези сега или ќе те извадиме на потешкиот начин. Рекоа – има лесен и тежок пат Џо, и тој излезе и ја инсталираа таа жена (потпретседателката Камала Харис) која е неуспешен кандидат – рече Трамп во интервју за телевизискиот канал „Фокс бизнис“.
Американските претседателски избори ќе се одржат на 5 ноември. Бајден требаше да остане на врвот на демократскиот билет, но по неговото слабо прикажување во телевизиската дебата против републиканецот Доналд Трамп на 27 јуни, се интензивираа повиците, особено меѓу демократите, актуелниот претседател да се откаже од трката.
На 21 јули, Бајден одлучи да се откаже од реизборната кампања и ја одобри номинацијата на Харис за претседателски кандидат на партијата.