Австралија ќе испраќа оклопни возила во Украина

„Австралија ќе испрати локално произведени оклопни возила во Украина, по барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски“. Ова го изјави австралискиот премиер Скот Морисон и не даде детали околу тоа кога, или колку возила, познати како „Бушмастерс“ (Bushmasters), ќе бидат испратени во Украина.

„Ние не ги испраќаме само нашите молитви, ги испраќаме и нашите пиштоли, ја испраќаме и нашата муниција, ја испраќаме и нашата хуманитарна помош, ние го испраќаме сето ова и панцири“ – појасни Морисон.

Зеленски во неговиот вчерашен говор во Парламентот на Австралија побара оклопни возила.

„Имате многу добро вооружено возило, „Бушмастер“, што би можело значително да ѝ помогне на Украина, како и други парчиња опрема, што ќе ја засилат нашата позиција во однос на вооружување. Ако имате можност да го споделите ова со нас, ние би ви биле многу благодарни“ – истакна Зеленски.