Најмалку 148 деца се убиени во руските напади од почетокот на инвазијата, јавуваат украинските власти.
Според информациите лиферувани од украинското Министерство за одбрана, Русите од 24. февруари истрелале 1.370 проектили и уништиле 15 украински аеродроми.
Министерството информира дека повеќе од 10 милиони Украинци ги напуштија своите домови поради војната, а околу 4 милиони заминаа во соседните земји како бегалци.
Според последната проценка на ОН, во војната досега се убиени повеќе од 1.100 цивили, меѓу кои и деца.