ЛДП: Градските власти да ја искосат тревата и да ги средат парковите, граѓаните заслужуваат пријатни места за одмор и рекреација

Неискосена трева, паднати гранки од дрвја, несредено зеленило е секојдневната слика на парковите и зелените површини во Скопје, реагираат од Либерално-демократската партија.

– Градот Скопје, како и претпријатието “Паркови и зеленило” не само што не се грижат за изгледот на зелените површини, туку и не се грижат за здравјето, благосостојбата како и квалитетот на живот на нашите граѓани. Токму затоа очекуваме да преземат конкретни мерки за подобрување на состојбата на парковите и зеленилото во нашиот главен град, велат од партијата.

Од ЛДП порачуваат дека се решени да се заложат за подобрување на состојбата на јавните зелени простори, вклучувајќи го чистењето и редовното одржување на зеленилото. 

-Парковите треба да бидат пријатни места за одмор и рекреација за сите граѓани, и затоа сме подготвени и да соработуваме со одговорните институции за постигнување на ова цел, велат од ЛДП.

Дали Скопје има градоначалник?!