Др. Пол Вилијамс подготвува платформа за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија потврдил дека заедно со неговата адвокатска канцеларија PILPG (Меѓународна група за јавна политика и право) и тимот меѓународни адвокати работи на прашањето за непочитување на Охридскиот договор и меѓуетничкиот легитимитет на институциите во државата.
На прашање на телевизијата Клан Македонија, Пол Вилијамс и ПИЛПГ потврдија дека работат на предлог платформа за правична и соодветна застапеност во процесот на формирање на Владата и меѓуетнички легитимитет на Владата.
Претходно, на сепартиски собир на 13 јули, претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети објави дека контактирал со г. Вилијамс и му ја објасни ситуацијата создадена во Северна Македонија по изборите на 8 мај, при што го ангажира експертот за меѓународно право да подготви предлог платформа за меѓуетничкиот легитимитет на институциите во согласност со Охридскиот договор.
Др. Вилијамс е ко-основач на Групата за меѓународно право и политика (ПИЛПГ), друштво кое обезбедува правна помош на државите и владите во мировни преговори, постконфликтни устави.
Тој им помогнал на многу страни во меѓународните мировни преговори и советуваше многу држави за изготвување и спроведување на постконфликтни устави.
Служел и како правен-советник за европски и канадски прашања во Канцеларијата на правниот советник на Стејт департментот на САД.