Царина: Спречен шверц на над 100 парфеми во вредност од 240 илјади денари
Над сто парфеми „Гисада” во вредност од 240 илјади денари се запленети од страна на царински службеници на влез на граничен премин Табановце откако возач на автобус без да ги пријави се обидел нелегално да ги внесе во државата.
На прашање од страна на царинските службеници дали има нешто за пријавување возачот изјавил дека носи само лични работи. Притоа извршена е детална контрола при што во багажот во пределот за алати се пронајдени вкупно 106 парфеми за кои што возачот требало да плати увозни давачки во висина од 49 илјади денари.
Против превозникот е поднесена прекршочна пријава заради непочитување на царинските регулативи.
Царинската управа во континуитет презема строги акции за сузбивање на криминалот и создавање услови за фер конкуренција, соопштија од Царина.