Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ го осуди денешниот обид за атентат врз Доналд Трамп и му посака брзо и успешно закрепнување.
Тој додаде дека „обидот за убиство на поранешниот претседател на САД е најголемиот, тажен и трагичен доказ за последиците од кампањата на омраза, закани и дехуманизација на еден човек“.
Тој ја спореди политичката ситуација во САД со ситуацијата во Србија и рече дека „нешто слично се спроведува и во Србија“.
„Сето ова, всушност, беше морална, медиумска и политичка подготовка за убиството и негово оправдување. Како што видовме, станува многу сериозен безбедносен ризик. Нешто слично се спроведува и во Србија, преку напади врз претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и неговото семејство“, рече Дачиќ.
Тој посочи дека должност на целото општество е да се спротивстави.