На Европското фудбалско првенство во Германија останува да се одигра уште еден натпревар, најважниот – финалето во кое играат Шпанија и Англија, според многумина – една многу убедлива и една неубедлива репрезентација досега.
Шпанија доаѓа во финалето со сите победи на ЕП, може да се каже во најдобра форма, како најефикасна и најатрактивна репрезентација на турнирот досега. Затоа и се дава мала предност.
Со сите победи ја минаа групата со Хрватска, Италија и Албанија, а во финалето ги победија Грузија (4:1), Германија (2:1, по продолженија) и Франција (2:1).
Англија, пак, имаше сосема спротивен пат до финалето. Победа против Србија во групата и две нерешени средби со Данска и Словенија беа доволни за пласман понатаму. Потоа следуваа тешките и неубедливи победи против Словачка (2:1, по продолженија) и Швајцарија (1:1, по пенал 5:3), и најдобрата партија на турнирот, но и уште една тешка победа – против Холандија во полуфинале со резултат 2:1.
Време е за финале, време е за фудбалско уживање.
Натпреварот ќе се игра на „Олимпскиот стадион“ во Берлин е закажан е за во 21 часот.