Никола Кимовски – в.д. директор на Македонски народен театар

Македонскиот народен театар денеска соопшти дека согласно решението од Министерството за култура на РСМ, од 10 јули 2024 г., а потпишано од страна на министерот за култура, Зоран Љутков, за в.д директор на НУ Македонски народен театар е назначен Никола Кимовски.

„Имено, Симона Угриновска поднесе оставка од функцијата директор на РСМ МНТ, која ја извршуваше од 2018 година“ – стои во известувањето од МНТ.