Стармер ја потврди посветеноста за зголемување на трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека останува посветен на зголемување на трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП и тоа ќе го направи во рамките на фискалните правила на британската влада по ревизијата на стратегијата за одбрана.

– Јас сум посветен на зголемување до 2,5 отсто во рамките на нашите фискални правила, но стратешката ревизија треба да биде на прво место, рече Стармер.

Лабуристите, предводени од Стармер, планираат да спроведат ревизија на одбранбените способности на Велика Британија.

Стармер, кој стана премиер минатата недела откако неговата Лабуристичка партија убедливо победи на изборите, ги коментираше трошоците непосредно пред да замине за Вашингтон на самитот на НАТО.