ЕП 2024: Пресврт на Холандија против Турција, големо дерби во полуфиналето

Големо дерби во полуфиналето на Европското фудбалско првенство во Германија.

Во полуфиналето во среда, 10 јули од 21 часот, Холандија ќе игра против Англија.

Со пресврт против Турција за само шест минути, Холандија стигна до првото полуфинале по 10 години.

Тоа за Холанѓаните ќе биде шесто полуфинале на ЕП.

Турците беа во водство од 35. минута, а Холандија најпрвин израмни во 70. минута, а во 76. минута направи целосен пресврт.

Претходно денеска Англија на пенали ја победи Швајцарија.